Connect with us

Ракомет

Лазаров го предводи Нант во финалето од Лигата на шампионите

Од првиот полуфинален натпревар Нант е првиот финалист во Лигата на шампионите.

Резултатот на натпреварот го отвори ПСЖ, но само минута по постигнатиот гол, Лазаров го отвори резултатот на Нант и постигна гол од седмерец за израмнување. До 5. Минута ПСЖ постигна уште два гола и имаше водство од 1:3, а Лазаров го постинга неговиот втор гол од седмерец и ја намали предноста на ПСЖ.

Во 12. минута Лазаров го постигна третиот гол од седмерецот и го доведе Нант до првото водство од 7:6, а во 16. минута Лазаров не успеа да даде гол од пенал за +4 на Нант, потоа ПСЖ немаше во 17. минута ја прекина серијата од три гола на Нант.

Лазаров неговиот четврт гол на натпреварот го постигна од игра во 24. минута и успеа да го доведе Нант до водство од +5 (15:10), а Нант на полувреме замина со предност од +3 (17:14).

Во второто полувреме Нант ја продолжи серијата и во 4. минта од второто полувреме имаше предност од +6 (20:14), во 5. Минута од второто полувреме беше досуден пенал за ПСЖ, а до 7. минута успеаа да го намалат водството на Нант на +3 (20:17), а по два гола од седмерец Нант повторно имаше предност од 5+ (22:17).

ПСЖ на само 4. минути до крајот успеа да ја намали предноста на Нант на +1 (29:28), а во 28. Минута од второто полувреме голманот на Нант успеа да го одбране пеналот на Хансен.

Нант на самиот крај од натпреварот во еден момент играше со двајца играч помалку а сепак успеа да дојде до убедливо водство, и да се пласира во финалето со краен резултат од (32:28).

Нашиот репрезентативец Керил Лазаров, на денешниот натпревар успеа да постигне 8 гола и беше нај ефикасниот на натпреварот против ПСЖ заедно со Турнант.