Ракомет
Лазаров и Алкалоид го намачија Вардар, но на крајот победа на „црвено-црните“
Вардар го совлада Алкалоид со 28:25 во градската пресметка. Сега, со максимална серија од пет победи од исто толку мечеви, црвено-црните се лидери на табелата. Алкалоид добро се држеше, нивниот тренер Кире Лазаров во моменти на пад на концентрација и неколку грешки успеа со тајм аут да ги врати играчите во мечот и играта, но на крајот сепак немаа сили да избегнат пораз.
Дејан Манасков со осум гола и Филип Талески со шест беа најефикасни, додека со по пет во тимот на Алкалоид се остакнаа Стојковиќ и Серафимов.