Connect with us

Ракомет

Лазаров и Нант не застануваат, го освоија и турнирот во Лимож

Полуфиналистот на Лигата на шампионите од минатата сезона го подигна пехарот и на турнирот во Лимож.

Домаќинот Лимож, Монпелје, Нант и Ним играа по два натпревари, а Нант со две победи го освои првото место. Најнапред во полуфиналето Нант беше подобар од Ним со 29:26, а Лазаров постигна еден погодок на оваа средба.

Француското првенство почнува на 11 септември, а во првото коло Нант гостува кај Сесон Рен.