Поврзи се со нас

Ракомет

Лазаров и Нант освоија бод, но испуштија триумф со Монпејле

Дербито во француското првенство меѓу екипите на Монпелје и Нант заврши без победник 27:27.  Гостинот имаше проблеми поради повреди, но и покрај тоа не се предаде пред поквалитетниот противник на хартија. Нант имаше позитива од еден гол на минута пред крајот, арно ама на 10 секунди пред крајот реализира Симонет, за реми.

Кире Лазаров постигна 3 погодоци за Нант, а поефикасни од него биле само Фигуерас со 4 и Брие со 6 голови.

И двете екипи уште се непоразени во Лидл Старлигата – Нант има три победи и едно реми, додека Монпелје на контото има две победи и едно реми.

Advertisement