Connect with us

Ракомет

Лазаров: Имаме реални шанси да се пласираме на ЕП

Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров со коментар по ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.

Македонија ќе игра во групата 1 против Словенија, Литванија и Естонија.

„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија. Додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди Олимписка виза за Париз 2024 година“, вели Лазаров.

Advertisement