Connect with us

Ракомет

Лазаров: Ќе треба да се намачиме ако сакаме победа против Холандија

Кирил Лазаров има нов предивзик, нова задача што ќе мора да се обиде да ја реши. Дуелот со Холандија. Селекторот Кире Лазаров вели дека и против Холанѓаните ќе треба добро да се испотиме ако сакаме да дојдеме до изненадување и триумф…

„ Холандија и вчера покажа дека е репрезентација со екстра квалитн. Играат брз и модерен ракомет. Ќе треба добро да се намачиме и испотиме ако сакаме да победиме, го почна Кирил Лазаров брифингот со новинарите пред тренингот на репрезентацијата. „Цел ден го искористивме за анализа иако и во подготвителниот период гледавме нивни мечеви, но чисто да споредиме дали се тоа истите работи. Мислам дека имаме шанси.

Што се однесува, пак, до играта на Холанѓаните…

„Лук Стајнс е продолжена рака на тренерот, како што е во Париз на Раул, овде е на Олсон. Играч од таков калибар доста работи приметува на теренот и ги поставува работите како треба и се адаптира. Тоа им е голем квалитет. Се уште играат на високо ниво, како во Унгарија. На високо ниво и во одбрана и во напад. Ќе мора многу добро да се подготвиме и многу сериозно да пристапиме на тој меч. Ние вчера сакавме да направиме изненадување, но тоа беше невозможна мисија. Не сфатија сериозно. Ние на секој натпревар, ако сакаме да растеме мораме да тргнеме со позитивна мисла“ – изјави Лазаров пред денешниот тренинг на националниот тим во Краков.