Connect with us

Ракомет

Лазаров: Најважно беше да ја победиме Чешка и да го продолжиме континуитетот на големите натпреварувања

Македонската ракометна репрезентација на денешниот натпревар ја совлада Чешка и се пласираше на Светското првенство.

По натпреварот нашиот селектор Кире Лазаров изјави дека најважно е тоа што ја победивме Чешка и го продолживме континуитетот на големите натпреварувања.

„Ако се случеше и моето простување, тоа ќе беше притисок плус за мене. Јас и претходно во изјавите кажав дека не е време сега за тоа, има време за простување, најважно беше да ја победиме Чешка и да го продолжиме континуитетот на настапи на големите натпреварувања“, вели Кире Лазаров.

„Но полека градиме репрезентација која ќе биде без мене, без Миркуловски. Не знам точно кога ќе се пензионирам, но 90 проценти сум сигурен дека на Светското првенство ќе ме гледате само во тренерка како селектор. Треба да знае човек кога да се прости, кога е време за тоа. Јас ја продолжив кариерата за една година поради ковидот и поради Македонија. Моето и искуството на Жути дадоа допринос да играме на уште едно Светско првенство. Единствено ми е жал што се повредив за Европското првенство, мислев дека ако сме комплетни, ќе можевме да направиме многу повеќе, но така требало да биде“.