Ракомет
Лазаров: Никогаш не сум ја одбил Македонија, ветувам дека ќе играме модерен ракомет
Кире Лазаров и официјално е нов селектор на Македонија. Тоа беше потврдено денеска на онлајн прес конференција. Според договорот, Лазаров како играч селектор ќе ја предводи репрезентацијата една година, а потоа ќе биде потпишан четиригодишен договор откако нашиот најдобар ракометар ќе ја добие Мастер Коуч лиценцата за да може да седи на клупата на репрезентацијата.
Лазаров вели дека без размислување ја прифатил понудата на РФМ.
-Без никакво размислување го прифатив овој голем предизвик за мене. Никогаш не сум ја одбил Македонија, така беше и сега, изјви новиот селектор Кире Лазаров.
Сега веќе новиот селектор ветува дека Македонија ќе игра модерен ракомет.,
-Нема да имаме премногу време да ја менуваме играта и филозофијата, бидејќи за еден месец играме со Данска и нема простор за премногу промени. Јас можам да ви ветам дека на следното Европско првенство во Унгарија и Словачка ќе видите една поинаква Македонија. Брз и модерен ракомет, со игра во два правци, изјави Лазаров..