Connect with us

Ракомет

Лазаров: Одбраната ќе ја поправиме, треба да знаеме дека играме во силен ритам во сите 60 минути

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров по двата меча на Кроација купот, против Хрватска и Израел, еден пораз и една победа, изјави дека е задоволен од сработеното. Како што вели има простор да се поправат некои работи, пред се во одбраната, потенцирајќи дека ќе се обидат да ги отклонат сите слабости до почетокот на Мундијалот.

-Одигравме квалитетен турнир со квалитетни противници. Имаме еден слободен ден и потоа почнуваме со подготовки за конкретни работи за следните два противника, Норвешка и Холандија. Задоволен сум од сработеното во текот на подготовките, како и од прикажаното на контролните натпревари. Одбраната ќе ја поправиме, но треба да знаеме дека играме во силен ритам во текот на сите 60 минути. Во едно такво темпо, нормално е да се дава и прима повеќе голови. Во секој случај, има голем простор за напредок во нашата дефанзива, ќе работиме на тоа до почетокот на светското првенство”, изјави Лазаров.

Македонските ракометари ќе тренираат во Скопје и во наредните денови, а потоа заминуваат за Краков, град кој ќе биде нивна база во текот на првата мундијалска фаза.