Ракомет
Лазаров: Одигравме екстра квалитетно – нека биде Македонско финале
Кире Лазаров во изјава по натпреварот рече дека е задоволен од играта против ПСЖ и откри дека по завршување на натпреварот во соблекувалните неговата екипа плачела од среќа. Тој испрати порака дека сака Македонско финале.
„Ова е навистина светско чудо. Пресреќен сум и задоволен од оваа победа. Навистина сум горд на себе што го направив вистинскиот избор во мојата кариера, што го одбрав Нант по Барселона. Знаеме кој е ПСЖ, таму играат најплатените ракометари на светот, но ова е спорт и ние направивме сензација. Во соблекувалната плачеа речиси сите мои колеги, а јас бев спокоен и им кажав дека утре нѐ чека она вистинското, големото финале, каде искрено го очекувам Вардар. Нека биде македонско финале“, изјави Лазаров.
Му посака среќа на Вардарци вечерва и најави средба во финалето. Погледнете ја целосната изјава.