Connect with us

Ракомет

Лазаров по мечот со Швајцарија: Останавме чесни пред нацијата, пред Бог…

Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров е вистинска движечка сила на репрезентацијата. Во улога на селектор и играч ја однесе Македонија на ЕП со само еден пораз, оној од Данска на гостински терен. Сите други мечеви ги добивме, вклучувајќи го и вечерашниот против Швајцарија иако претходно пласманот на ЕП беше обезбеден. Ракометарите сакаа радост да подарат на нацијата на овој голем празничен ден и успеаја во тоа.

-Дуелот со Швајцарија беше доста тежок, имавме доста сомнежи, но драго ми е што останавме чесни пред нас, пред семејствата, нацијата, пред Бог… покажавме карактер, одигравме доста квалитетен меч. И претходно кажав дека Швајцарија е екстра-квалитетна репрезентација, им направи на сите големи проблеми на ЕП. Успеавме да одиграме квалитетно, направивме два-три чекори напред, ама имаме уште можност да напредувавме, изјави Лазаров по мечот.