Connect with us

Ракомет

Лазаров повторно кобен за Фуксе Берлин, Нант во четвртфиналето на Лига Европа

Фуксе Берлин – Нант 30:33 (15:14)

Кирил Лазаров и Нант обезбедија пласман во следната рунда во ЕХФ Лига Европа откако и во реваншот тој и неговиот тим беа подобри од Фуксе Берлин. Капитенот на нашата репрезентација повторно беше кобен за клубот од Берлин, кого го „потопи“ и пред неколку години во Лигата на шампионите.

Нант во Берлин бранеше еден гол разлика (25:24) и успеа да ги одбрани славејќи со 33:30 за пласман во четвртфиналето. Клучната фаза која го одлучи победникот се случи во второто полувреме, кога Нант за седум минути постигна пет гола по ред и негативата од два гола ја претвори во предност од 25:27 и до крајот со рутинска игра дојде до нова победа.

Нашиот Лазаров уште еднаш одигра одлично, постигна пет гола и имаше две асистенции, и беше втор стрелец во својот тим зад Монар кој даде еден гол повеќе.

Подобриот од дуелот Спортинг Лисабон – Магдебург ќе биде противник на Нант во четвртфиналето.