Ракомет
Лазаров: Сакам да пишувам историја како тренер, дајте ми ја Данска на мене, а Македонија на Јакобсен, па да видиме кој е подобар!
Селекторот на Македонија, тренер на Алкалоид и најдобар ракометар во историјата на нашата земја, Кире Лазаров, во мега интервју за Моцартспорт, зборуваше за неговата кариера како играч и како тренер. Вели дека сака и како тренер да пишува историја, како што тоа го направи како играч. Верува во проектот Алкалоид и верува дека за неколку години Македонија ќе има силна репрезентација.
-Ми се допаѓа овој проект. Се разбира, никогаш не се знае во која насока ќе се движи ова, но јас го прифатив овој предизвик со страст, радост и желба за работа. Сакам да и дадам нешто на Македонија како селектор и во репрезентацијата и во клубот. Ќе видиме колку време ќе биде потребно. Јас сум Македонец, сакам да работам за клуб од мојата земја“.
Колку може новата Македонија?
-Ни недостигаат играчи од силни европски клубови, мора многу да се работи и на социологијата за да им се влее верба, но мислам дека сме на добар пат“. Не знам колку време ќе потрае. Сакам да победувам, верувам во невозможното, нема да се предадам, но реалноста е поинаква. Секогаш е послатко кога го правиш тоа со својата земја. Кој е најдобриот тренер во светот? Сигурно данецот Николај Јакобсен три пати по ред го освојуваше Светското првенство. Дајте му ја Македонија, а јас ќе ја земам Данска. Дајте му 14 дена да работи, дајте ми два тренинга, па да играме, да видиме кој е подобар тренер. Дајте ми го вистинскиот тим, со вистинските играчи кои доаѓаат од силни клубови, станува полесно. Се ценам себеси и мојата работа, на некои им се допаѓа, на некои не. Верувам во тој процес. Јас сум човек од крв и месо. Може да ме погодат критиките, оправдани или не, или кога ме навредуваат, но тоа трае кратко. Утре се будам и веќе заборавам. Да се сменат навиките и менталитетот е најважно, но и најтешко“.
Целото интервју на следниот ЛИНК.