Connect with us

Ракомет

Лазаров со петарда против Аикс

Неочекуваниот пораз од Шамбери во минатото коло не ги исфрли од ритам ракометарите на Нант, кои експресно им се вратија на победите во францускиот шампионат триумфирајќи на гости кај Аикс со 29:25.

Средбата мина во „егал игра” се до средината на првото полувреме, Аикс последното водство го имаше за 7:6, по што најдобриот македонски ракометар во редовите на Нант, Кире Лазаров и соиграчите заиграа подобро и успеаја резултатски да се одлепат пред заминувањето на одмор (13:16).

Домаќините го отворија вториот дел со серија од 3:0, но Нант имаше одговор, повторно се одлепи резултатски и на крајот заслужено стигна до нова победа.

Македонскиот „бомбардер“ го заврши натпреварот со пет гола од вкупно 11 обиди, еден помалку од најдобрите стрелци Клер и Ривера.