Connect with us

Кошарка

Леброн Џејмс со 38 години постигнува историски резултати (ВИДЕО)

Kошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс забележа 11 асистенции во победата над Њујорк (129:123 по продолжение) од тековната сезона во НБА-лигата.

Со ова, 38-годишниот Американец по овој показател се искачи на 4. место во историјата на лигата. Тој сега има 10.338 асистенции во кариерата.

Леброн на листата ги помина Стив Неш кој има 10.335 асистенции и Марк Џексон кој има 10.334 асистенции. Пред него се Крис Пол (11.246), Џејсон Кид (12.091) и Џон Стоктон (15.806).

Леброн оваа сезона играше на 41 натпревар од регуларната сезона во НБА, со просек од 7,1 асистенции по натпревар.

НБА, резултати:

Кливленд – Мајами 97:100

Њујорк – ЛА Лејкерс 123:129 продолженија

Чикаго – ЛА Клиперс 103:109

Милвоки – Шарлот 124:115

Денвер – Њу Орлеанс 122:113