Тајмаут
Леброн Џејмс: Жал ми е што на сим ми му го дадов моето име (ВИДЕО)
НБА ѕвездата Леброн Џејмс даде интересно интервју, а помеѓу другото откри дека згрешил што на својот 13-годишен син му го даде своето име.
Новиот член на Лос Анџелес Лејкерс гостуваше на една американска телевизија и таму зборуваше за својот 13-годишен син Леброн Јуниор, кој може да биде наследник на својот татко затоа што и тој се занимава со кошарката.
„Се уште жалам поради тоа што на мојот 13-годишен син му го дадов моето име. Кога бев млад, јас го немав татко ми покрај себе. Поради таа причина размислував дека кога ќе имам свое дете, не само што ќе му го дадам своето име, туку ќе го направам сето она што мојот татко не го направи за мене“, изјави Леброн во емисијата.