Connect with us

Кошарка

Леброн го надмина Мајкл Џордан на листа на најдобри стрелци

Леброн Џејмс го надмина легендарниот Мајкл Џордан на листата на најдобрите реализатори во НБА. Ова се случи за време на натпреварот против Денвер Нагетс, кој „езерџиите“ го загубија со 99:115.

На почетокот на натпреварот, Џејмс имаше потреба од само 13 поени за да го надмине рекордот на Џордан со 32.292. Актуелната голема ѕвезда во лигата тоа го направи во втората четвртина.

Леброн доби честитки од неговите соиграчи и публика од „Стејплс Центар“за неговото извонредно достигнување.

Тој го заврши натпреварот со 31 поен, но сепак остана горчината од поразот.

Резултати од НБА:

Вашингтон – Далас 132:123
Детроит – Минесота 131:114
Шарлот – Мајами 84:91
Атланта – Сан Антонио 104:111
Бруклин – Кливленд 113:107
Чикаго – Филаделфија 108:107
Њу Орлеанс – Јута 104:114
Феникс – Њујорк 107:96
Сакраменто – Бостон 109:111
Лејкерс – Денвер 99:115