Connect with us

Кошарка

Леброн, Харден… „големите“ екипи победуваат со своите sвезди

Лејкерси продолжуваат да доминираат во Западната конференција, победувајќи го Сан Антонио со 129-102. Лејкерс доминираше во мечот, каде Леброн Џејмс постигна 36 поени и беше најдобар во паркет. Денвер исто така издвојува победа над Портланд со 127-99, останувајќи во елитните екипи на Западот. За Денвер, се истакна Јокиќ, кој постигна 29 поени и 13 скока.

Тимот на Милвоки продолжува да доминира на Исток, кој денес триумфираше со 120-108 над Њу Орлеанс. Домашната екипа беше подобра во првото полувреме, каде Инграм се истакна со 32 поени, додека кај противничкиот тим најдобар беше Антетоканмпо, кој постигна 34 поени и 17 скокови. Исто така, Хјустон издвојува победа со 125-110 над Шарлот, а најдобар беше Харден, кој постигна 40 поени и направи 10 асистенции.

НБА – денешни резултати

Њу Орлеанс – Милвоки , 108-120

Хјустон  – Шарлот, 125-110

Денвер  – Портланд, 127-99

Лејкерс  – Сан Антонио, 129-102