Connect with us

Кошарка

Леброн им пресуди на „своите“

Најдобриот кошаркар во светот, Леброн Џејмс му пресуди на „својот“ Кливленд. Тој за прв пат по неговото доаѓање во екипата на Лос Анџелес Лејкерс беше гостин во Охајо. Но, за разлика од свирежите, пцовките и навредите кои ги доби пред осум години кога во Кливленд дојде од Мајами, сега доби овации од целата арена. „Кралот“ одигра одличен натпревар и стигна до „дабл – дабл“ учинок од 32 поени, 14 скокови и седум асистенции и беше најзаслужен за победата на „езерџиите“ (109:105).

Кливленд, кој буквално се распадна после заминувањето на Леброн и има скор од две победи и 14 порази, даде се од себе за да го расипе враќањето на Леброн.

  • Ова е голема ноќ за овој град, бидејќи нашиот херој се врати, го најави натпреварот тренерот на Кливленд, Лери Древ.

Резултати: Шарлот – Индијана 127:109, Филаделфија – Њу Орлеанс 121:120, Атланта – Торонто 108:124, Бостон – Њујорк 109:117, Чикаго – Феникс 124:116, Кливленд – ЛА Лејкерс 105:109, Хјустон – Детроит 126:124, Милвоки – Портланд 143:100, Минесота – Денвер 101, Далас – Бруклин 119:113, Сан Антонио – Мемфис 103:104, Јута – Сакраменто 110:119, Голден стејт – Оклахома 95:123.