Connect with us

Кошарка

Леброн со нов трпил – дабл им донесе победа на „езерџиите“

По разочарувачкиот почеток на неделата, тимот на Лос Анџелес Лејкерс се врати на победничката патека и го доби мечот против Њу Орлеанс со 112:104. Домашната публика доби шанса да се израдува на новиот трипл-дабл на Леброн Џејмс (22 поени, 12 скока и 14 асистенции), како и на враќањето на Брендон Инграм во стартниот состав.

Како и обично, Ентони Дејвис го предводеше составот на „пеликаните“ со 30 поени и 20 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Лејкерс. Солидна партија одигра и Џулиус Рендл, кој постигна 21 поен откако беше преместен во стартниот состав поради отсуството на Никола Миротиќ.

Останати резултати: Шарлот – Детроит 98:86, Торонто – Кливленд 126:110, Бруклин – Индијана 106:114, Њујорк – Атланта 107:114, Бостон – Милвоки 107:120, Чикаго – Орландо 90:80, Сан Антонио – Минесота 124:98, Портланд – Јута 90:120, Сакраменто – Мемфис 102:99.