Connect with us

Кошарка

Леброн жестоко удри по сопствениците во НФЛ клубовите

Се почесто најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс, јавно дели „шлаканици“ ако нешто не му е по мерак. Овој пат ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс ги кажа предностите и недостатоците во НБА и НФЛ лигата, а воедно сочно ги навреди сопствениците на НФЛ клубовите.

  • Во НФЛ речиси сите бели и дебели старци ги поседуваат клубовите и лигата има робовладетелски менталитет. Сите се придржуваат до ставот – ова е мој тим и ти ќе правиш она што ќе ти го кажам јас или ќе те снема од клубот. Не сфаќаат дека играчите се тие кои остваруваат резултати и кои ја привлекуваат публиката, а не тие. Инаку, разликата помеѓу НБА и НФЛ е тоа што во кошаркарската лига сопствениците на клубовите веруваат во играчите и нивниот напредок. Во НФЛ е само тоа што можеш да го покажеш на денот на натпреварот, истакна „Кралот“.

Леброн, кој од оваа сезона го носи дресот на „езерџиите“ во својата кариера три пати го освои НБА прстенот.

НБА резултати: Бостон – Шарлот 119:103, Бруклин – Феникс 111:103, Кливленд – Чикаго 92:112, Орландо – Мајами 91:115, Сакраменто – Њу Орлеанс 122:117, Оклахома – Минесота 112:114, Голден стејт – ЛА Клиперс 129:127, Портланд – Далас 121:118 (по прод.), ЛА Лејкерс – Мемфис 99:107.