Connect with us

Фудбал

Легенда на бразилски и шпански фудбал, Хоџсон ме уништи, морав да заминам од Милано

Кога ќе се каже Роберто Карлос, тогаш на сите љубители на фудбалот, барем оние повозрасните веднаш им асоцира на слободен удар. Да, Бразилецот кој иако играше на бековската позиција имаше многу офанзивни задачи, постигнал голем број голови, особено од прекин, а е еден од најдобрите во историјата на позицијата на која играл.

Се прослави секако во дресот на Реал Мадрид. Таму помина 11 години, одигра безмалку 400 мечеви и постигнал 47 голови. Но, малкумина знаат дека во Реал Мадрид дојде од Интер. Таму играше само една сезона, во време кога на италијанскиот тим тренер беше Рој Хоџсон.

Тој се потсети во времето кога го носеше дресот на Интер.

-Рој Хоџсон ме уништи, ме ставаше да играм во средниот ред. Знаев дека со ова нема да имам шанса да играм во репрезентацијата, а во 1997-ма година се играше Копа Америка, се присети Карлос.

Хоџсон сметал дека Карлос не е доволно дисциплиниран да игра на левата бековска позиција, па набрзо фудбалерот замина.

-Разговарав со Морати и го замолив да ме пушти. Тогаш се појави Реал Мадрид и тренерот Капело. Поради тоа заминав во Мадрид, слободно можам да кажам најзаслужниот тренер во мојот живот, вели Карло.

Во Реал Мадрид, Роберто Карлос освои се што можеше да се освои и влезе во историјата на фудбалот како еден од најдобрите леви бекови.