Connect with us

Фудбал

Легендарниот Чиро Блажевиќ соопшти ужасна вест: Збогум драги мои Словенци

„Отсекогаш сте биле зезнат, но поштен народ. Затоа ве сакам. И затоа вие ме обожавате мене, а и јас вас. Нашата љубов е безгранична, а од мене почна бидејќи оддамна бев многу заљубен во една Словенка од Птуј. Многу ве ценам и почитувам. Вие сте малата Швајцарија. Но, сепак морам да ви кажам една тажна вест. Јас сум многу, многу болен. Покрај тоа што сум стар, имам 86 години. Доколку наскоро не дојдам, а веројатно и нема, сакам да ја искористам оваа прилика да ја изразам својата љубов и да ги поздравам сите мои пријатели во Словенија. Сакам да им порачам дека треба да бидат горди што се Словенци. Достигнавте цивилизациско ниво за кое ние Хрватите целиме. За жал, морам католички да ви кажам – збогум. Збогум драги мои Словенци. Жал ми е. Песимистичен сум“, порача Влажевиќ за Спортклуб.

Легендарниот хрватски фудбалер и тренер Мирослав Блажевиќ во пресрет на дуелот помеѓу Хрватска и Словенија во квалификациите за Светското првенство 2023 за словенските медиуми имаше емотивен изјава.

Чиро Блажевиќ боледува од рак. За првпат му беше дијагностицирана болеста во 2011 година. Тој имаше операција на простата седум години порано. И покрај победата над два рака, злобната болест сега се врати.