Connect with us

Фудбал

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус е новиот селектор на Косово?!

Се шпекулира дека, легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус е новиот селектор на Косово.

Матеус последно бил селектор на Бугарија во 2011 година, но по неговото заминување се посвети на телевизиска кариера како аналитичар.

Претходно бил тренер на Рапид Виена, Партизан и со овој тим го оствари најголемиот успех во кариерата кога се пласира во Лигата на шампионите.

Потоа, Матеус беше селектор на Унгарија, на Атлетико Паранаенсе, Ред бул Салцбург и Макаби.

Многу поуспешна е неговата кариера како играч, тој е легенда на Борусија Менхенгладбах, Баерн Минхен и Интер, а настапувал и за американскиот тим Метростарс.