Connect with us

Тајмаут

Легендарниот голман на Реал, Касиљас уништен: Не спијам редовно, повеќе не можам да сонувам!!!

Легендарниот Икер Касилјас помина низ многу турбулентен период во изминатите две години. Поради срцев удар мораше да ја заврши големата кариера, а потоа се разведе од сопругата Сара Карбонеро.

Икер мина низ тешка фаза на опоравување од срцевиот удар што го доживеа на тренинзите на Порто и поради кој мораше да ја заврши професионалната кариера во летото 2020 година. Потоа следеше нов шок во март минатата година.

По 11 години се разведе од сопругата Сара Карбонеро и сето тоа дополнително го погоди Икер кој призна дека се обидувал да се преправа дека се е во ред.

“Не спијам редовно. Сакам да изгледам како да сум добро, но не можам да уживам во животот. Слушам стари песни, но повеќе не можам да сонувам”, рекол Икер Касиљас.

Касиљас е апсолутна легенда меѓу стативите. Пред Порто, тој со години беше незаменлив член на Реал Мадрид, со кој склопи се што можеше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iker Casillas (@ikercasillas)