Connect with us

Фудбал

Легендата на Јувентус, со критики за Кристијано Роналдо

Легендарниот фудбалер, долгогодишен капитен на Јувентус, упати критики на сметка на Кристијано Роналдо поради неговото однесување при измените и вадењето од игра на мечевите со Локомотив Москва и Милан.

– Напуштањето на стадионот пред крајот на мечот не е убаво, не одговара на класата на Роналдо. Овој гест не беше позитивен, но поважно е неговото однесување секој ден на тренинзите, рече Дел Пјеро.

Легендата, исто така, сподели дека тој останал изненаден од тренерската рокада во летото и не очекувал Сари да го преземе Јуве заради минатото со Наполи.

– Очекував на друг начин да се направи разделбата со Макс Алегри. Тој беше многу успешен, додаде иконата на „старата дама“.

На крајот, Дел Пјеро го одбрани Матијас де Лихт од критиките што ги доби по неговиот трансфер од Ајакс во Јуве.