Connect with us

Фудбал

Легендата Стивен Џерард и неговите фудбалери се откажаа, за да имаат другите

Менаџерот на Глазгов Ренџерс, легендарниот Стивен Џерард изјави дека фудбалерите, директорот на клубот и стручниот штаб донеле заедничка одлука во наредните три месеци да не примаат плата поради пандемијата со коронавирусот.

-Фудбалерите, директорите, стручниот штаб, покажа одговорност, со тоа што оваа одлука ја донесоа врз доброволна основа. Не беше тоа тешка одлука. Сите сакаа да го сторат тоа и важно е во овие тешки моменти никој да нема финансиски проблеми. Важно е да покажеме заедништво во овој момент, изјави Џерард.

Ренџерс потврди дека дел од персоналот ќе биде на платен принуден одмор, но дека ќе добиваат целосна плата.

-Постарите фудбалери и членови на клубот сакаат ниту еден вработен во Ренџерс да нема финансиски проблеми, соопштија од тимот.