Connect with us

Кошарка

Лејкерс ќе биде новиот супер тим во НБА лигата

Кошарскарската јавност сеуште е потресена од големата кавга меѓу Драјмонд Грин и Кевин Дурант, поради што едниот од нив уште од сега веќе размислува да го напушти клубот, а американските медиуми веднаш ги скроија можните комбинации.

Не треба да се биде преголем познавач на кошарката и НБА лигата за да се дојде до заклучок дека Дурант следното лето ќе биде најбараниот кошаркар во најсилната лига во светот. Според актуелниот договор со тимот на Голден стејт, односно според една од клаузулите, клубот може да го напушти и во текот на сезоната. Поради ваквата ситуација, американските медиуми пишуваат дека Леброн Џејмс веќе му подал рака на „новиот соиграч“, бидејќи конечно може да добие фантастичен кошаркар крај себе.

Имено, стручњаци од ЕСПН веќе објавија дека челниците на Лос Анџелес Лејкерс веќе испратиле лица за да ги договорат услугите со популарниот Кеј – Ди за преселба во „Градот на ангелите“. Исто така од таборот на „езерциите“ не сакаат целиот товар да биде на рамената на „Кралот“, па затоа најавија дека ќе му донесат ѕвезди по негова мерка, а токму такво име е Дурант. Но, покрај Кевин, Лејекрс планира да донесе уште еден Ол – стар играч. Станува збор за Ентони Дејвис, кој игра за тимот на Њу Орлеанс, а доколку се случи овој трејд, „езерциите“ од фаворити од сенка преку ноќ ќе станат најсериозни фаворити за тронот во НБА лигата.

  • Њујорк и Лејкерс се заинтересирани за Дурант. Но, колку што знам, тимот од Лос Анџелес е апсолутен фаворит доколку го прашате Кевин, тврди новинарот на ЕСПН, Стивен Смит.

Единствен проблем е селари капот. Лејкерс наредната година влегува со неколку слободни кошаркари. Тука се Кадвел, Рондо, Стивенсон, Бизли, Мекги, Чандлер и Ивица Зубац. Но, клучот за донесувањето на Дурант и Дејвис е спорниот договор кој го имаат со Луол Денг. Британецот си замина од Лејкерс поради што тимот мораше да му исплати 7.5 милиони долари. Но, избегнувајќи го плаќањето, тимот на Лекерс самиот си се закопа во долгови, бидејќи моментната отштета изнесува 30 милиони долари кои треба да му бидат исплатени на Денг. И покрај тоа, од тимот на Лејкерс испорачаа дека почитувањето на селари капот нема да им претставува проблем. Сеуште е далеку од реализација, но приказните за вакво сценарио се се почести.

Резултати: Орландо – Торонто 91:93, Вашингтон – ЛА Клиперс 125:118, Мајами – Бруклин 92:104, Њујорк – Портланд 114:118.