Connect with us

Кошарка

Лејкерс тргнуваат по Ленард

Раководство на Лос Анџелес лејкерс ќе се обиде во своите редови да го донесе еден од најдобрите играчи во НБА и член на шампионот Торонто, Каваи Ленард.

Кошаркарот ќе оди на трансфер пазарот како слободен агент.

Сепак, за трансферот на 27-годишниот Ленард, Лејкерс е неопходно е да почекаат до 30 јули кога треба да биде официјалната најава за договорот со “Њу Орлеанс” за размена на центарот Ентони Дејвис.

Во овој случај, ЛА Лејкерс ќе потпишат максималниот договор со МВП на финалната серија во НБА лигата.

Во плејофот, Каваи Ленард постигна 28,5 поени, 9,8 скока, 4,2 асистенции во просек за 41 минута по натпревар.

Во финалето, канадскиот клуб беше поуспешен од Голден Стејт 4-2 во победи за историска прва шампионска титула.