Connect with us

Кошарка

Лејкерси бедливо ја совладаа Атланта Хокс пред своите навивачи

Лејкерси во изминатата ноќ убедливо ја совладаа Атланта Хокс со 122:101 пред своите навивачи.

Лејкерси до победата ги предводеше Леброн со 33 поени, 12 асистенции и седум скокови. Ентони Дејвис имаше по скромен учинок од 14 поени и пет асистенции. Кај Атланта Трај Јанг се исткана со 31 поен, седум асистенции и три скока.

Голден Стејт го запишаа 12-тиот пораз сезонава овој пат над нив славше Њу Орлеанс со 108:100, Денвер го победи Мемфис со 131:114, додека Орландо со 125:121 беше подобар од Вашингтон.