Connect with us

Ракомет

Лекиќ: Немаме друг избор освен победи

Вардар е единствениот тим што изборил пласман на сите пет Ф4 турнири во ЕХФ лигата на шампионите досега. Ова е нова шанса за вардарки конечно да стигнат до врвот. Лани бевме второпласирани, што беше најголем клупски успех дотогаш, а сега сите сакаат да го водат клубот на највисокото скалило.

Во полуфиналето утре нашите девојки се среќаваат со Ростов. Ден пред одигрување на натпреварот се одржа и средбата со новинарите на која вардарки ги кажаа очекувањата.

„Немаме друг избор, ова е последната шанса за Вардар и ќе се потрудиме да го направиме тоа што треба. Трениравме напорно последниве недели и мислам дека сме подготвени, па едвај чекаме да почне натпреварот со Ростов. Точно е дека имавме одлична сезона, но ова е нов почеток и не е многу важно што бевме така добри досега. Ростов има одлична контра и полуконтра и тоа ќе биде најголемата закана за нас, вели Лекиќ

Натпреварот меѓу Вардар и Ростов е закаќан за во вечерва во 18 часот во Ласло Пап арената во Будимпешта.
Претходно ќе играат Ѓер и ЧСМ Букурешт.

Фото галерија од дружењето со новинарите во Будимпешта