Connect with us

Фудбал

Леонардо: Мбапе нема да го напушти ПСЖ

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо уверено објави дека иднината на Килијан Мбапе ќе биде во Париз.

Според него Мбапе ќе остане во ПСЖ и покрај фактот што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Французинот одби неколку понуди за продолжување на соработката бидејќи сака да се пресели во Реал Мадрид, а ПСЖ одби понуда од 200 милиони евра од „кралевите“.

„Мбапе нема да го напушти клубот на крајот на сезоната. Никој во ПСЖ не размислува за иднина без Килијан. Врската помеѓу Мбапе и ПСЖ е многу силна. Тој е нашиот симбол, не само затоа што е Французин туку е еден од најдобрите во светот“, изјави Леонардо.

Спортскиот директор на „светците“ потоа уште еднаш го обвини Реал Мадрид дека делувал нелегално при обидот да го ангажира Мбапе ова лето.

Facebook