Connect with us

Фудбал

Левандовски: Доцна е за Реал Мадрид

Познато е дека Роберт Левандовски сериозно размислувал да замине од Баерн Минхен, а тоа се случувало во сезоните 2017/2018  и 2018/2019. Два пати неговат желба беше Реал Мадрид.

Но, сега е искрен и вели дека е доцна за трансфер во „Кралскиот клуб“.

-Доцна е сега за тоа. Имам 31 година. Сакам да одиграм некоја година повеќе. Сега сум во Баерн и среќен сум тука. Доколку погледнете во изминатите десет години, Баерн редовно игра, полуфинале, четвртфинале или финале во ЛШ. Тука имам се што ми е потребно, вели Левандовски.