Connect with us

Фудбал

Лидерот поразен во Струмица, Пелистер загуби на домашен терен од Силекс

Дербито на 12.коло од Првата фудбалска лига одиграно во Струмица заврши со триумф на екипата Академија Пандев со 3:2 над лидерот на табелата Шкендија. Домаќинот имаше водство од 2:0 во 52.минута, но Шкендија изедначи на 2:2 во 71.минута. Голот за победа и три бодови за струмичани го постигна младинскиот репрезентативец на Македонија, Костадин Чешмеџиев во 90.минута.

Пораз денеска претрпе и Вардар од Работнички со 3:1 и ова е втор неуспех во домашната лига за „црвено-црните“.

Убедлива победа на домашен терен постигна Ренова над Скопје, додека минимален триумф забележа Шкупи против Победа.

Силекс беше единствениот тим што оствари гостински триумф против Пелистер.

Резултати: Академија Пандев – Шкендија 3:2, Работнички – Вардар 3:1 (натпревар од 3.коло), Ренова – Скопје 5:1, Шкупи – Победа 1:0 и Пелистер – Силекс 1:2.

Табела: Шкендија 28 бодови, Академија Пандев 21, Вардар 19, Силекс 18, Шкупи 15, Ренова 14, Работнички 13, Пелистер 12, Победа 12, Скопје 6.