Connect with us

Кошарка

Лидерот во Евролигата се врати на победите

Фенербахче се врати на победничкиот пат во Евролига по поразот од Баерн Минхен во минатиот круг. Лидерот на табелата ги декласираше гостите од Панатинаикос со 85:66 и запиша 19-ти успех сезонава во турнирот.

Николо Мели заврши со 14 поени и 7 скока за Фенербахче, а по 12 додадоа Ерик Грин, Луиџи Датоме и Марко Гудуриќ.

Шон Килпатрик беше најпрецизен за Панатинаикос со 19 поени, а ДеШон Томас остана со 13.

По две недели претстои турско дерби помеѓу „фенерите“ и Дарушафака, а ПАО го пречекува рускиот Химки.

ЦСКА Москва пак го победи бранителот на титулата Реал Мадрид (Шпанија) со 82:78 во дербито на колото.

Домаќините отстапуваа со 34:40 на полувремето, но направија пресврт по силна третата четвртина и ја задржаа предноста во последните 10 минути. Така двата тима се израмнија на второто место на табелата со по 17 победи и 5 порази.

За победниците Нандо Де Коло се истакна со 21 поени, Кори Хигинс додаде 15, а Даниел Хакет забележа 14. Ентони Рандолф беше најпрецизен за Реал Мадрид со 20 поени, а Густаво Ајон запиша 11 поени и 6 скока.

На табелата води Фенербахче со 19 победи и 3 порази, пред ЦСКА (Москва) со 17-5, Реал Мадрид има 17-5, Анадолу Ефес 14-8, Барселона 13-9, Олимпијакос 12-10 итн.

Резултати од 22 коло на Евролига:

ЦСКА Москва (Русија) – Реал Мадрид (Шпанија) – 82:78
Фенербахче (Турција) – Панатинаикос (Грција) – 85:66
Басконија (Шпанија) – Баерн Минхен (Германија) – 76:68
Армани Милано (Италија) – Дарушафака (Турција) – 90:78
Анадолу Ефес (Турција) – Гран Канарија (Шпанија) 93:74
Будучност (Црна Гора) – Химки (Русија) 90:98
Макаби Тел Авив (Израел) – Олимпијакос (Грција) 65:64
Барселона (Шпанија) – Жалгирис (Литванија) 78:72.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Кошарка

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com