Фудбал
Лидс и Алиоски одбележаа 100 години на клубот со победа
Фудбалерите на Лидс, меѓу кои и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, со победа од 1:0 против Бирмингем го прославија 100-тиот роденден на клубот.
Алиоски ги одигра сите 90 минути на овој историски натпревар во историјата на клубот од областа Јоркшир, и доби жолт картон. Голот за победа го постигна Калвин Филипс во 65-та минута.