Поврзи се со нас

Фудбал

Лидс не знаеше како да го победи Арсенал

Лидс Јунајтед и Арсенал одиграа одличен натпревар во 9. коло од Премиер лигата.

Натпреварот заврши без голови, но и без победник. Сепак, беа видени голем број на шанси, особено пред голот на Арсенал.

Во првото полувреме Арсенал дури и не се закани, додека домашните имаа неколку добри шанси, но Лено беше одличен.

Второто полувреме започна лошо за Арсенал, бидејќи Пепе направи голема глупост и го удри нашиот репрезентативец Алиоски со глава, и доби директен црвен картон.

Пепе без причина го удри Алиоски со глава и доби црвен картон (ВИДЕО)

После тоа, домашниот тим имаше неколку одлични шанси. Тие исто така погодија пречка, статива, но не можеа да ја постигнат целта.

Сака ја имаше најголемата шанса за Арсенал, но не успеа да постигне гол, иако беше сам пред голманот на Лидс.

До крајот на натпреварот немаше поголеми шанси, па натпреварот заврши со поделба на бодовите.

loading...

Facebook