Кошарка
Лилард постигна 60, но Портланд сепак загуби
Кошаркарскиот тим на Бруклин Нетс синоќа го совлада Портланд Трејле Блејзерс со 119:115 и ја запиша својата четврта победа сезонава.
„Нетсците“ одиграа многу добар натпревар против Портланд и заслужија нова победа. Домашната екипа се обиде да избегне шести пораз во новата сезона, но на крајот немаа сили да се вратат.
Бруклин имаше предност од своја страна од почетокот на натпреварот што не ја промаши, иако Портланд во неколку наврати се закануваше дека ќе го сврти мечот на своја страна.
Сепак, во самиот финиш на натпреварот, кошаркарите на Нетс беа многу поорганизирани во одбрана, и на крајот успеаја да слават со 119:115. На Портланд не му помогна фантастичниот Дамјан Лилард, кој заврши со 60 поени и додаде пет асистенции и четири скока.
Кај Нетс на овој натпревар се издвојува Кири Ирвинг со 33 поени, шест асистенции и три скока. Но, тој не беше најефикасен во својот тим бидејќи Спенсер Динвиди успеа да постигне 34 поени.
https://youtu.be/TLvsHPf3XuY