Connect with us

Ракомет

Линдгрен: Вардар играше силно и го видовме резултатот

За Вардар ова е 11 натпревар во ЛШ по ред на кој освојува бодови, а петта победа во дуелите со Кристијанштад во ЛШ. Клубот останува на првото место во А групата со 11 бодови од шест натпревари. На прес конференцијата по завршување на натпреварот тренерот на Кристијанштад изјави:

„Одбраната на Вардар беше добра, Штербик одличен, Вардар играше силно и го видовме резултатот. Би сакал нешто да научиме од овие натпревари и не би сакал да останеме на дното на табелата. Се виде што значи да се има добар голман во тимот“, рече Ола Линдгрен – тренер на Кристијанштад.

Во следното коло Вардар гостува кај ППД Загреб.