Connect with us

Фудбал

Листата на обвинети расте, некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Мијатовиќ, под истрага за затајување на данок

Шпанското обвинителство ја прошири истрагата против прославениот југословенски репрезентативец Предраг Мијатовиќ поради криење данок.

Според весникот Мундо Депортиво некогашниот фудбалер на Реал Мадрид затаил данок во износ од 608 000 евра. Со тоа расте листата на обвинети фудбалери од шпанското обвинителство. На листата беа играчо како Меси, Роналдо, Санчес, Фалкао, Чаби Алонсо а минатата недела на суд се појави и Жозе Мурињо.