Фудбал
Ливерпул експресно го решаваат проблемот со одбраната
Еден од приоритетите на Ливерпул е ангажирање на централен дефанзивец, на тоа место е предвиден Холанѓанецот, Стефан Де Вриј, а како опција за страничните позиции се наведува левиот бек на Рома, Емерсон, за кој се подготвува понуда од 25 милиони евра.
Втор на листата на потенцијални засилувања е голманот на Порто, Икер Касиљас, кој зимава најверојатно ќе ја напушти Португалија поради високата плата која го оптоварува буџетот на клубот. Медиумите во Шпанија шпекулираат дека доколку Касиљас не замине во Англија тогаш сигурно ќе се пресели во некој од клубовите во САД.