Фудбал
ВИДЕО: Ливерпул „гази“, Лестер срушен во 95.минута од сомнителен пенал
Ливерпул стигна до седмата победа од исто толку натпревари во новата сезона во Премиер лигата. Сепак, малку недостасуваше Лестер да биде тимот кој ќе ја прекине успешната серија на „Црвените“.
Тимот на Јурген Клоп поведе преку Мане во 40.минута, продолжи со нападите и шансите и во вториот дел, но во 80.минута Џејмс Мадисон го претвори во погодок единствениот удар во рамките на голот од домашниот тим и го израмни резултатот на 1:1.
Сепак, во петата минута од судиското продолжение Милнер од пенал погоди за 2:1 и продолжување на победничката серија на Ливерпул. Мане беше „соборен“, но дали постоеја елементи за најстрога казна ќе биде нешто што во наредните денови на големо ќе се дебатира.
Резултати и парови 7.коло, Премиер лига
Брајтон –Тотенхем 3:0
Барнли – Евертон 1:0
Ливерпул – Лестер 2:1
Норич – Астон Вила 1:5
Ватфорд – Шефилд Јунајтед 0:0
18:30 ч. Вест Хем – Кристал Палас
Недела:
Арсенал – Борнмут
Манчестер Сити – Вулверхемптон
Саутемптон – Челзи
Њукасл – Манчестр Јунајтед