Connect with us

Фудбал

Ливерпул го награди Робертсон со нов договор

Дефанзивецот на Ливерпул, Ендрју Робертсон потпиша нов договор со клубот. Левиот бек се врза за тимот од Мерсисајд до 2024 година и доби солидно зголемување на платата.

Робертсон пристигна на „Енфилд“ летото 2017 година од Хал Сити за износ од 8 милиони фунти. Сепак, тој брзо успеа да се наметне како прв избор на Јирген Клоп на лев бек, заменувајќи го Алберто Морено.

  • Веднаш штом добив повик од газдите, дури и не размислував за тоа. Сакам да останам тука и веднаш откако добив официјална понуда, побрзав да ја потпишам. Тоа беше исклучително лесна одлука за мене, и верувам дека така беше и за клубот. Затоа, работите се развија толку брзо. Убаво е да работите со сите на Мелвуд. Најдобро е кога со задоволство одите на работа секој ден. Мило ми е што го продолжив договорот и се надевам дека претстојат многу добри денови, рече Робертсон