SPORTM.mk
Ливерпул го освои Суперкупот на Европа по подоброто изведување на пенали
Ливерпул е освојувач на Суперкупот на Европа, откако во драматично финале во Истанбул, го совлада Челзи по изведување на пенали со 5-4, откако натпреварот во регуларниот тек заврши 1-1, а по 30-минутното продолжение 2-2.
Челзи во 36. минута, кога по додавањето на Пулишиќ, Французинот Жиру со прецизна дијагонала поведе со 0-1. Неколку минути подоцна Кристијан Пулишиќ постигна мајсторски гол, но на зачетокот на акцијата се најде во недозволена позиција и голот беше оправдано поништен.
На почетокот од вториот дел Фирмино го замени Оксел-Чембрлејн и веднаш остави трага на средбата. По неговото додавање, Мане стигна пред Кепа и ја втурна топката во мрежата 1-1.
Во 83. минута нововлезениот Маунт се најде во офсајд и по вторпат негов гол оправдано беше поништен заради недозволена позиција. По многу емоции сепак немаше победник во 90 минути и Суперкуп дуелот влезе во продолженија.
Како што започна вториот дел, така почна и првото продолженија. Мане со инвидуална мајсторија во 95. минута ја „искина“ мрежата на Кепа и првпат донесе водство за „црвените“ (2-1). Сепак, не се чекаше предолго на реакцијата на лондонскиот клуб и по грешката на Адриан, го сруши Абрахам и Стефани Фрапарт покажа на белата точка. Жоргињо го матира шпанскиот голман за 2-2. „Сините“ дури и можеа да поведат, но Абрахам, по акцијата на Педро, биеше малку крај дирекот.
Клоп го замени уморниот Мане со Ориги, но Ливерпул не беше во состојба целосно да го притисне младиот тим на Челзи. Во 113. минута Адриан со супер-парада го спаси својот тим по ударот на Маунт, а потоа и Педро се закани, но биеше крај дирекот.
По изведувањето на казнени удари, девет изведувачи по ред беа перфектни, но Адриан го одбрани ударот на Абрахам и на Ливерпул му донесе втора титула во неполно три месеци.