Фудбал
Ливерпул и Барса подготвуваат голема зделка
Како што стојат работите, се чини дека Фелипе Кутињо се враќа на Островото, но не во Ливерпул, туку во Челзи. Како што пишуваат голем број на медиуми, Челзи и Барселона подготвуваат голема зделка.
Челзи имаше забрана за трансфери, го продаде Азар за големи пари, добро заработија, па сега ќе трошат. Освен тоа што го купија Зијех од Ајакс, сега се чини дека ќе го купат и Кутињо.
Како што пишува каталонски „Спорт“, Барселона ќе бара дури 90 милиони евра за Кутињо, односно за играч кој не им треба. Но, лондонските „сини“ не сакаат да платат толку, па се подготвени да го донесат на позајмица, да ја плаќаат неговата цела плата, а потоа да го откупат за 65 милиони евра.
Лампард е убеден дека може да го извлече максимумот од Кутињо, па затоа сака да го види во Челзи. Како што тврди „Спорт“, се уште ништо не е договорено, но наводно и двете страни се оптимисти.