Фудбал
Ливерпул и Наполи се погрижија за драма во последно коло, Елмас одигра десетина минути
Ливерпул и Наполи одиграа без победник 1:1, Салцбург победи на гостувањето кај Генк, па двајцата патници во следната рунда од ЛШ од оваа група ќе бидат познати по одигрувањето на последното коло.
Наполи поведе со голот на Мертенс во 21.минута, а овој резултат беше актуелен се до 65.минута кога за 1:1 погоди Ловрен. Ливерпул беше подобар противник, имаше контрола врз играта, шанси, но не успеа да постигне втор гол.
Елиф Елмас одигра десетина минути за тимот на Наполи.
Со убедливата победа против Генк, Салцбург останува во игра. Во последното коло го пречекува Ливерпул и сите опции се во игра. „Чудото дете“ Халанд, иако во игра влезе во вториот дел, сепак успеа да постигне гол за 4:1. Тој во моментов е втор стрелец со 8 голови, два помалку од Левандовски кој на гостувањето кај Црвена Звезда синоќа постигна 4 голови.
ГРУПА Е:
ЛИВЕРПУЛ – НАПОЛИ 1:1
Ловрен 65’ – Мертенс 21’
Генк – Салсбург 1:4
Самата 85’ – Дака 43’, Манимино 45’, Хи Чанг 69’, Халанд 87’
Табела: Ливерпул 10, Наполи 9, Салцург 7, Генк 1.