Connect with us

Фудбал

Ливерпул ќе биде подложен на целосна реконструкција на тимот за следната сезона

Ливерпул летово ќе претрпи комплетна реконструкција на тимот. Јирген Клоп, кој се уште го чека крајот на сезоната, планира да се раздели со голем број ветерани и да доведе помлади играчи за изградба на новиот Ливерпул.

Џејмс Милнер, Алекс Окслејд-Чембрлен, Роберто Фирмино, Наби Кеита и голманот Адријан се подготвени да го напуштат Енфилд на лето бидејќи нивните договори истекуваат и нема да бидат обновени.

„Црвените“ ќе се разделат и со Бразилецот Артур Мело, кој дојде на позајмица од Јувентус, но поради повредите и незадоволителната форма во досегашниот тек од целата сезона одигра само 13 минути.

На овој начин „црвените“ ќе ослободат простор и средства за нови засилувања.