Connect with us

Фудбал

Ливерпул се насочува кон Дракслер

Премиерлигашот Ливерпул почна преговори со ПСЖ за ангажман на германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер.

„Црвените“ сакаа да се засилат со Германецот во текот на летото, но тогаш до договор не дојде. Сега нивните шанси за овој трансфер изгледаат поголеми.

За трансферот лично инсистира менаџерот Јирген Клоп. Во исто време ПСЖ е притиснат да продаде дел од фудбалерите, за да може д аго запаси финансискиот фер-плеј.

24-годишниот Дракслер има потреба од пголема минутажа за да успеа да си обезбеди место во националниот тим на Светското првенство 2018. Во ПСЖ тешко може да се избори за статус на стандарден првотимец поради огромната конкуренција.

Оваа сезона Дракслер одигра 16 натпревари и постигна два гола за ПСЖ.