Тајмаут
Лорис скапо го чинеше возењето во алкохолизирана состојба
Голманот на Тотенхем Хуго Лорис скапо го платил возењето под влијание на алкохол.
Францускиот голман беше уапсен на крајот од август, откако беше потврдено дека возеше пијан, а денес Лорис на судењето го призна прекршокот.
Тоа го чинеше многу, бидејќи судот немаше милост кон сјајниот голман и не му даде намалување на казната, иако е одлична ѕвезда.
Лорис е казнет со дури 50.000 фунти, а автомобилот нема да може да го вози во следните 20 месеци, оваа казна ќе биде пример за сите други познати личности во Англија.
Лорис дури имал олеснителни околности, бидејќи признал за прекршок и на крајот завршил со оваа парична казна.