Connect with us

Кошарка

Лос Анџелес лејкерс прв освојувач на НБА купот

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го освоија премиерното издание на НБА купот, совладувајќи ја синоќа во финалето Индијана со 123-109.

Лејкерси до триумфот беа предводени од Ентони Дејвис, Остин Ривс и Леброн Џејмс. Дејвис имаше перфектна вечер со ефект од 41 поени, 20 скокови и пет асистенции, Ривс уфрли 28 поени, додека Џејмс, кој воедно беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на турнирот, постигна 24 кошеви, а додаде и 11 скокови.

Кај Индијана најдобар беше Тајрис Халибартон со 20 поени и 11 асистенции.

Играчите беа дел од финалето во ова ново натпреварување на НБА добија и раскошни парични бонуси. Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс добија по 500.000 долари, а секој од кошаркарите на Индијана по 200.000 долари.

Advertisement